Најпрво здраво!!!Јас сум Михаела-новиот блогер на овој блог.Во овој блог ќе пиувам за убавините на нашата татковина.И се надевам дека и вие ќе пишувате коментари во врска со темите кои отсега понатаму ќе ги објавубам во овој блог.
Денес на тема ќе ни бидата прекрасните природни езера во Македонија.
Ние имаме три природни езера а тие се:
- Охридско езеро
- Преспанско езеро
- Дојранско езеро
Охридско езеро се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија,меѓу Планините Галичица од исток и Мокранска Планина од запад,во Охридско-струшката котлина.Зафаќа површина од 348 км2,се наоѓа на надморска височина 695 м и има длабочина од 286 м.Со вода главно се напојува од подземните извори,од кои најкарактеристични се изворите кај манастирот ,,Свети Наум''.Во Охридското езерото исто така има повеќе ендемични видови,како што се:охридската пастрмка,белвицата и др.Охридското езеро е под заштита под УНЕСКО.Поделено е меѓу Македонија и Албанија,поголемиот дел е во Македонија.
Преспанско езеро се наоѓа во југозападниот дел на Македонија,во Преспанската котлина,меѓу планините Галичица на запад и Баба со Пелистер на исток.Се наоѓа на 853м надморска височина,зафача површина од 275км2,со длабочина од околу 50м.Утврдено е дека водите од Преспанското езеро подземно истекува во Охридското езеро.Поголемиот дел припаѓа на Македонија,а помали делови на Геција и Албанија.Во него се наоѓа островот Голем Град.
Дојранско езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија,на 148м надморска височина,зафаќа поврсина од 43км2 и има длабочина од околу 10м.Богато е со риби.На него е карактеристично ловењето риби со помо птиците корморани.На брегот на езерото се наоѓа геадот Дојран со повеќе туристички области.Помал дел е во Геција,а поголем дел е во Македонија.
Денес на тема ќе ни бидата прекрасните природни езера во Македонија.
Преубава изработка
ReplyDelete